За сите оние кои сакаат да изгледаат вечно млада ќе треба да се потрудите да го постигнете тоа, но без неколкуте совети кои следат во продолжение сте далеку од формулата за вечна младост. Затоа ви препорачуваме да погледнете што се му е потребно на вашиот организам а што му пречи:
Диета
Диетите се многу штетни за организмот иако многу од нас мислат дека се корисни. Диетите го исцрпуваат организамот и со тоа доаѓа до губење на еластинот на кожата.
Алкохол
Оваа “болест на зависност” ни е добро позната, зависноста од алкохол предизвикаува слабеење на целиот организам.
Сончање
Сонцето е навистина здраво за организмот, но во дозволени граници. Немојте ни да помислите а камо ли да претерате со изложувањето на сонце и сончањето
Недостаток на сон
Предизвикува забрзување на стареењето и води кон прерано појавување на брчки. Додека спиете кожата се обновува, така недостатокот на сон го спречува нејзиното редовно обновување.
Пушење
Предизвикува сушење на кожата, го уништува витаминот Ц во организамот и другите антиоксиданти. Докажано е дека оние кои пушат, покрај тоа што имаат нарушено здравје, имаат многу повеќе брчки од оние кои не се пушачи.
Кафе
Кафето е диуретик, ако се внесува во поголема количина може да доведе до дехидрација на телото. Исто така супстанциите од кафето ги впиваат од организамот минералите и витамините, нарушувајќи го здравјето.

You must be logged in to post a comment Login