Мислиш дека може да те усреќи само згоден фраер и паричник полн со пари? Постојат и некои слатки ситници кои сигурно ќе го подигнат твоето расположение.
- Тргни во авантура – Разубави го твојот ден, така што ќе пробаш нешто ново, на пр. упати се на излет сред работна недела, оди на кафе во некој нов кафе-бар, посети сајт за запознавање или направи нешто по прашање на твојот стајлинг.
- Сети се на своите успеси – Состави листа на работи кои навистина ти одат од раце и во кои си навистина успешна. Тоа може да биде заслужена пофалба на работа или пак Гучи чевлите купени по пониска цена.
- Воведи нови ритуали – Секое твое секојдневие нека стане различно така што ќе воведеш интересни ритуали. На пр. барем еднаш месечно купи си за себе букет цвекиња или започни го денот така што ќе му се јавиш на твојот драг и да му кажеш колку го сакаш.
- Прошири го својот видик – Не треба да отпатуваш во странство за да ги прошириш твоите видици и да откриеш нови светови. Доволно е да посетиш некоја изложба, да одиш во некоја необична работилница или некој интересен ресторан.
- Живеј во “фази” – Не треба себе си да се форсираш и да се приморуваш да во сите области на животот да бидеш еднакво успешна. Напротив, многу посреќни се оние луѓе кои својот живот го “поделиле на сегменти” и за кој за секој сегмент на себе си одредуваат некоја цел. Така, концентрирај се на својата моментална цел и дај се од себе за да ја постигнеш.

You must be logged in to post a comment Login