Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Само вистинската жена има среќа во љубовта! Биди и ти таква…

Вистинската жена не трча по среќата. Таа воопшто по ништо не трча. Да ја бркаш среќата е најпопуларниот и наглупавиот спорт. Вистинската жена, се разбира има планови за иднина, но таа никогаш не го одложува животот за утре…( кога ќе ослабнам, кога ќе се појави вистинскиот, кога ќе се подредат поволно ситуациите)…ова е кога, а не сега, а сегашноста е најважна од се.

Вистинската жена има свој ритам на живот. Кога живеете премногу бавно, немате чувство дека тоа е животот. Кога живеете пребрзо, не успевате да го почуствувате животот. Секоја од нас има свој ритам на живот, но вистинската жена ги избегнува крајностите.

Таа се става себе си секогаш на прво место. И ова не значи дека е егоистка, равнодушна или цинична. Таа едноставно знае дека  зад преголемата желба да се занимаваш со другите луѓе се крие стравот од тоа да го живееш сопствениот живот. Секогаш се слуша сама себе и се доверува исклучиво само на своите чувства.

Вистинската жена го надраснала „доброто девојче“. Доброто девојче е продукт на нашите родители. Тоа има единствена задача – да се допадне на околината, да предизвика одобрување. Да се допадне дури и тогаш кога нејзините желби протестираат. Доброто девојче живее по принципот, јас треба, јас не треба и никогаш не си го поставува прашањето што всушност ЈАС навистина сакам?  Вистинската жена на никого ништо не докажува. Кон своите црти кои некогаш ги нарекуваат и недостатоци (а кој ги нема?) таа се однесува ладно и смирено. Ги гледа, но не ги драматизира. Не ги крие но не ги ни демонстрира. Таа не плаќа данок „обшествено мислење“,

Да е сама, за неа тоа е подарок. Периодите кога е сама, кога ги има – се скапи за вистинската жена. Таа не се стреми да привлече во својот живот случајни мажи, само и само да не остане на само со себе. Да бидеш сам со себе е вистинско богатство. Тоа е најдоброто време да се регенерираш и да го исполниш животот со мир и длабочина.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement