Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Кокосово масло, вашиот најдобар сојузник за здравје и убавина

Иако со години се сметаше дека кокосовото масло е лошо, бидејќи наводно го зголемува нивото на холестерол и го зголемува ризикот од развој на срцеви заболувања, новите истражувања покажуваат поинаку. Кокосовото масло е богато со заситени масни киселини, а научниците тврдат дека не се сите киселини од тој тип исти и дека кокосовото масло е всушност одлично за здравје и убавина. Погледнете некои од предностите на ова масло кое мириса прекрасно.

Добар извор на енергија

Деканска киселина, заситена масна киселина во полинуклеотидниот ланец со средна големина, е главна состојка на кокосовото масло. Нашето тело ја користи овој тип киселина различно од оние со долг ланец. Киселините со ланец со средна големина на црн дроб ги обработува и брзо ги претвора во енергија во нашите келии. Често во одредени студии од 2003 и 2008 година, се тврди дека ваквите масни киселини можат да бидат добри кога сакаме да ослабнеме, секако, ако се внесува во умерени количини.

Го зголемува нивото на “добриот” холестерол

Кога станува збор за нивото на холестерол во крвта, внесувањето на маснотии богати со деканска киселина, како што тоа е случај со кокосово масло, се поврзува со зголемување на нивото и на “добриот” (HDL) и на “лошиот” (LDL) холестерол. Истражувањата покажуваат дека кокосовото масло може да има добро влијание на нивото на холестерол кога се користи наместо заситени масни киселини или транс-масти.

Има антимикробни и антиоксидантни својства

Кокосовото масло отсекогаш било познато како одличен лек за бактериски и гливични инфекции, бронхитис, грип, акни, и многу други. Исто така, нерафинираното кокосово масло содржи соединенија феноли кои имаат заштитни и антиоксидантни својства.

Добар е за подготовка на храна

Кога станува збор за позитивните својства на кокосово масло во подготовка на храна, тоа е малку погусто од редовните масла и има благ, тропски вкус. Одлично е за печење храна во рерна и вриење на послаба температура. Благиот, тропски вкус го прави одличен избор за популарното источно јадење Кари, како и други јадења каде што сакате допир на егзотика.

Одличен е за нега на кожата

Кокосовото масло, освен за здравјето, е вашиот вистински сојузник во убавината. Одлично е како средство за отстранување на шминката и балсам за коса, особено во текот на ладните зимски месеци кога кожата е склона на сувост и пукање.

 

Иако има голем број на корисни ефекти врз вашето здравје и убавина, кокосовото масло треба да се внесува умерено, бидејќи мастите се полни со калории. Исто така, се советува во готвењето со кокосово масло да се користи во комбинација со друго, бидејќи резулатите се многу подобри. Кога го купувате ова масло, бирајте нерафинирано масло, од кое можете да извлечете најмногу хранливи материи.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement