Јапонскиот топ модел и глумица Tao Okamoto е најновата ѕвезда на Bergdorf Goodman каталогот за есен 2014. За снимањето на овој едиторијал луѓето кои работеа на него отпатуваа дури во Дубаи каде ги искористија пустинските пејсажи и индустриските локации за да изработат прекрасни фотографии.Главна причина поради која го избравме овој едиторијал сепак се интересните есенски јакни и капутчиња.
Сакале или не, летото наскоро ќе нѐ напушти и повторно ќе потонеме во дебела облека и чизми. Па, ако барем нешто може да ве орасположи кога ќе помислите на тоа, погледнете како можете да ги носите интересните јакни со женствените фустани и здолништа.




















You must be logged in to post a comment Login