Истражувањата на научниците од Универзитетот во Тексас докажуваат дека хормонот мелатонин има голема улога во заштитата на келиите на јајниците од оксидативен стрес.
Инаку, мелатонинот се излачува во мозокот како реакција на одсутност на светлина, а поврзан е со сонот и таканаречениот внатрешен саат на организмот.
Производството на мелатонин е најголемо 3 до 5 саати по почетокот на сонот во ноќта, според стручниот весник „Fertility and Sterility“, мелатонинот има силни антиоксидативни својства кои на келиите на јајниците им пружаат заштита од оштетување предизвикани од дејството на молекулите на слободните радикали, особено за време на овулацијата.
Стручните лица, исто така, истакнуваат дека затоа се препорачуваат 8 саати сон секоја ноќ, а ова е посебно важно за жените кои сакаат да затруднат.

You must be logged in to post a comment Login