Новото истражување на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес, се однесувало на влијанието на здравите бактерии од храната врз функционирањето на мозокот.
Откриено било дека жените кои редовно пијат јогурт имаат изменета активност во мозокот, која ги регулира емоциите и внатрешната сензација на телото.
На пример, во текот на тестирањето на емоционалните реакции за време на набљудувањето на фотографии со бесни и исплашени лица, жените кои користеле пробиотици два пати дневно во текот на еден месец, покажале намалена активност во пределот на мозокот задолжен за тие емоции.
Од друга страна, жените кои не консумирале пробиотици имале стабилна или зголемена активност во споменатите делови од мозокот во текот на тестот.
Истражувањето кое опфатило 36 жени, било објавено во списанието “Гастроентерологија”.
“Нашето откритие покажува дека некои состојки во јогуртот ја менуваат реакцијата на нашиот мозок во околината”, вели др. Кирстен Тилиш, доцент по медицина на UCLA.
Истражувањето ги поттикнало луѓето од Универзитетот Кентербери во Нов Зеланд да направат своја клиничка студија која ќе опфати 80 пациенти кои патат од депресија.
“Се надевам дека ова истражување ќе покаже дека лекувањето со пробиотици го менува односот на одредени хемикалии во крвта и мозокот и ги прави луѓето посреќни”, вели истражувачката Ејми Ромијн.

You must be logged in to post a comment Login