За жал, жените кои користат анти-бебе пилули имаат 50% повеќе шанса да заболат од рак на дојка. Жените кои земаат таблети со висок процент на естроген се три пати под поголем ризик на рак во однос на жените кои никогаш не користеле ваков вид на контрацепција.
За среќа, таканаречените “комбинирани“, пилули на новата генерација, во кои има многу малку естроген, скоро не претставуваат никаков ризик.
„ Се покажа дека одредени хормонски формули значително можат да ја зголемат шансата на ракот на дојка. Потребни се дополнителни истражувања, но докажано е дека со престанувањето на конзумација на проблематичните пилули, ризикот значително се намалува“– рекла авторката на најновата студија на оваа тема, докторката Елизабет Бибер од „Фред Хачинсон“, истражувачкиот центар во Сиетел.

You must be logged in to post a comment Login