Лекот парацетамол за болките во долниот дел на грбот – лумбаго, е ефекасен, како плацебо, кажува една нова студија врз основа на истражувањатана 1600 пациенти со акутна форма на болеста.
Лицата кои примале плацебо (симулирани со лек со неутрален ефект), дури побрзо се опоравиле од пациентите кои примале парацетамол, кој најчесто се препорачува за болка во долниот дел на грбот, кажуваат австралиските научници.
” Резултатите укажуваат на тоа дека парацетамолот (ацетаминофен) не влијае на периодот на опоравување од акутна лумбаго болка и универзалното прифаќање на овај лек за овој тип на болка е доведена во прашање”, се вели во студијата.
Парацетамол нема ефект врз болката, тешкотии во движењето, спиењето, квалитетот на животот и другите општи симптоми на лумбаго.
Лумбагото е водечката причина за болнките при движењето, и парацетамолот универзално се препорачува како главен лек за таа болка.
Периодот на закрепнување од акутно лумбаго беше 17 дена за пациентите кои земале парацетамол и 16 за оние кои добивале плацебо.
“Сите пациенти примиле медицински препораки за тоа како да го подобрат квалитетот на животот, што доведува до заклучок дека овие препораки би можело поважни од лековите”, се вели во студијата.
Други експерти, кои не биле вклучени во студијата, ги поздравуваат напорите на своите колеги да ја истражат областа во која никој не се сомневал, но додаваат дека резултатите од студијата не можат генерално да се применат, ако не се направат понатамошни истражувања за да се потврди тоа.

You must be logged in to post a comment Login