Иако ни е тешко да ги сместиме нејзините комбинации за носење под некој одреден стил, бидејќи кога е потребно Џеј Ло умее да биде секси, софистицирана, женствена, кул, рокерска, спортска, па дури и normcore, не можеме да го осопориме фактот дека оваа жешка латино-американска пејачка и актерка секое парче облека го носи со забележлива доза на сексапил.
Широка маица + boyfriend фармерки = секси. Тесен, розев фустан = секси. Миди фустан во нежни виолетови тонови = симпатичност и сексапил. Тоа особено се однесува на нејзините појавувања на црвениот тепих на кои од година во година докажува дека е кралива на V деколтето и длабоките шлицови.















You must be logged in to post a comment Login