Вкусен и здрав појадок кој ги топи килограмите… Идеална храна за почеток на денот и убава линија! Ова е еден од најздравите и највкусните појадоци бидејќи во себе содржи витамини и минерали кои го подобруваат изгледот на кожата и косата, го нормализираат метаболизмот и го зајакнуваат имунитетот.
Овој секојдневен појадок ќе ви помогне за елиминација на нечистотијата од организмот и чистење на цревата. Безусловно го решава проблемот на мрзливи црева и опстипација, ги согорува масните наслаги и ја нормализира тежината. Содржи овесни снегулки кои се препорачува да ги јадете и за ручек.
По еден месец конзумација на овој коктел, лесно ќе изгубите од 3 до 5 килограми. Тенот на кожата, косата и ноктите ќе станат убави и здрави, а стомакот полека ќе се стопи.
Состојки:
300 ml кефир (или немасен јогурт)
2 супени лажици овесни снегулки
1 кафена лажица мелено ленено семе
1 кафена лажица какао во прав
5-7 меснати суви сливи
Појадокот се подготвува навечер за следниот ден. Прелијте ги сувите сливи со малку провриена врела вода (100 ml).Поклопете ги и оставете да отстојат 10-ина минути.
За тоа време во чинијата ставете овесни снегулки, мелено ленено семе и какао. Прелијте со кефир и измешајте убаво. Омекнатите сливи исечете ги ситно (можете да ги ставите и во блендер и да направите пире или да ги исецкате со супер сецко) и додадете ги во претходно приготвената смеса. Добро измешајте и оставете да преноќи во фрижидер. Наутро уживајте во својот здрав и вкусен појадок. Резултатите наскоро ќе бидат видливи.

You must be logged in to post a comment Login