Шантел Гоу е правен застапник и има работа од 9 до 5, но потоа се пресоблекува во минијатурна униформа и е чирлидерка. Иако ја сака својата работа и се бори за правата на своите клиенти, Шантел е и успешна чирлидерка каде освојува бројни трофеи на натпревари.
Оваа 27 годишна девојка почнала да се бави со овој спорт од својата 16-та година и продолжила на факултет. Дури во 2013 нејзиниот тим бил прогласен за државен шампион, а освоиле и 5-то место на светкото натпреварување. Но интересно е како Шантел води двоен живот како чирлидерка и како адвокат.
Нејзиниот сон да стане врвен застапник и да работи во суд конечно и се остварил и таа сега се бори за луѓето кои биле жртви на медицинска немарност. Многу колеги го поддржуваат нејзиното хоби, но е и чудно кога ја гледаат во нејзината торба покрај многуте документи го чува и минијатурниот костим за чирлидерка.
Шантел 5 пати неделно оди од судот директно на тренинг. Но кога е на тренинг, Шантел не ја запоставува својата работа, па нејзиниот лаптоп и мобилен секогаш се уклучени. И правото и навивањето се нејзина страст и таа не сака било која страна од овие две да трпи последици.


You must be logged in to post a comment Login