Во нашите гени има врежано зашто бираме луѓе за пријатели кои ни се слични. Така, можеби вие и вашата другарка можеби сте некоја роднина. Ако не ни верувате на нас, тогаш верувајте во науката.
Најсериозно… Научниците на универзитетот Калифорнија, Сан Диего и Јејл испитувале гени на 907 парови на пријатели и 907 парови комплетни странци. Испаднало оние кои се во друштвениот круг имале заеднички 1 процент од гените, што е многу повеќе во односот на потполните странци.
Интересно е дека генетичарите дошле до заклучок дека пријателите најмногу гените ги делат кои го диктираат сетилото за мирис, што може да биде причина за тоа што вие и вашата другарка сте опседнати со ист парфем, или пак може да се објасни и што меѓусебно ве привлекло, или пак одите на исти места, или пример мирисот на кафе го обожавате па така сте се запознале со најдобрата другарка…
А сигурно знаете и за онаа теорија “спротивноста привлекува” ? И тука има нешто. Студијата тврди дека пријателите делат некои слични гени, а имаат потполно различни гени на имуниот систем.
Ова значи дека ако вашиот пријател е подложен на болест, вие веројатно сте имун на тоа. Ете објаснување како сте успеале да го преживеете последниот грип од својата најдобра дугарка.

You must be logged in to post a comment Login