И покрај тоа што варијацијата во килограмите кај жената е нормално, понекогаш за подуеноста на стомакот заради која изгледате подебело не се одговорни килограмите туку одредени намирници. Ви ги прикажуваме 5те главни причинители на надуеност кои ве делат од омилените фармерки.
Млеко
Знаеме дека млекото во прекумерени количини не е здраво за нашето здравје. Но ако ви предизвикува проблеми со варењето и надуеноста можеби проблемот е во вашиот организам кој не поднесува лактоза.
Скроб
Ако производите богати со скроб ви предизвикуваат надуеност во стомакот не треба да ги отсраните од исхраната туку да ги одберете тие кои не го прават тоа.
Пченицата, јачменот и ’ржот содржат голема количина на фруктан, полимер на фруктозата кој предизвикува надуеност. Подобро во вашата чинија да има компир, ориз, пченка и овес кои содржат значително помала количина на фруктан.
Овошје
Иако овошјето е богато со здрави состојки како витамини и минерали може да биде причинител за надуеност. Причината се крие во количеството на фруктоза и глукоза. Одберете бобинки, грејп и цитрус, затоа што за разлика од јаболкото и крушката содржат значително помала количина од споменатите состојки.
Вештачки шеќер
Сорбитол, ксилитол и манит се вештачки засладувачи присутни во диететските пијалоци и гумите за џвакање.
Доколку осетите надуеност по конзумирањето на диеталната храна и пијалоци избегнувајте ги овие производи. За лична употреба подобро е да користите природни засладувачи како стевиа и агава сируп.

You must be logged in to post a comment Login