Не е доволно само правилно да ја сортирате разноврсната облека, да купите омекнувач за алишта кој убаво мириса и да ја подесите температурата на водата во машината за перење. Би требало да обратите внимание и на другите работи за да го сочувате квалитетот на гардеробата.
Не ставајте премногу алишта во машината. Подобро да пуштите две машини, отколку една, колку и да немате време. Ако машината е пренатрупана со облека, таа нема убаво да се испере, а нема да се исплакне ни детергентот за перење. На облеката може да се појават бели траги, па тогаш ќе морате рачно да ги перете.
Не ставајте премногу детергент. Поголема количина на детегент не е некоја гаранција дека алиштата ќе бидат подобро испрани. Водете сметка за дозирање на срествата за перење. Ако ставите премногу детергент тоа може да ја оштети вашата гардероба и на неа да се појават флеки од поголемото количество на прашок. Тоа можеби нема да се приметува на памучната облека, но може да предизвика алергиска реакција на вашата кожа.
Не претерувајте ни со омекнувачот. Знаеме дека сакате гардеробата убаво да ви мириса, но немојте да претерувате. Тој може да создаде леплив слој на вашата облека кој нема да ѝ даде на облеката да дише.

You must be logged in to post a comment Login