Модната куќа “Beach Bunny” пред неколку дена во Мајами одржа спектакуларна ревија. Новите модели за костими за капење и долна облека ги претставиле манекенки со раскошни облини.
Beach Bunny со атрактивните модели предлага впечатлив накит и разбушавена коса. За добар изглед на плажа не смее да се заборави и силниот лак на ноктите.
Овој моден бренд за разлика од претходната “умерена” колекција, во оваа го имаат изразено женскиот сексипил. Звездите се еден од мотивите на оваа колекција, каде ги гледаме на накитот и на гардеробата.
Покрај звездите на корсетот најдобро стојат и боди со ракавици. На ревијата било возбудливо, а атмосферата во бекстејџот била одлична.






You must be logged in to post a comment Login