По строгоста карактеристична за претходните неколку колекции на модната куќа која и натаму го носи името на познатиот креаторJohn Galliano, во новата колекција дизајнерот Bill Gaytten конечно го сврти листот и тргна во нова насока.
Колекцијата наменета за оваа сезона е мешавина од техно ефекти, силни бои и смел крој. Интензитетот на боите и необичните креации парадоксално се нагласени со женственоста на моделите, па имаме впечаток дека пред нас оживуваат SF ликовите од цртаните филмови, како на пример Betty Boop.
Колекцијата опфаќа сѐ, од кратки фустани со нагласени струкови кои ги красат ласерски сечени цветови, преку панталони со висок струк во необични бои и геометриски украси, па сѐ до шешири кои ги дизајнираше Stephen Jones и кои многу потсетуваат на кациги за мотори. Особено впечатливи се тоалетите кои отстапуваат од класичниот галијановски стил, но сепак изгледаат неодоливо гламурозно.































You must be logged in to post a comment Login