Кога се појавило конфекциски број 0 сигурно сте мислеле дека тоа било премногу… но што ќе кажете кога ќе дознаете дека во некои продавници за улична мода се појавила облека со конфекциски број со неверојатни три нули.
Некои медиуми тврдат како Холивуд е крив за овој тренд и како само слабите жени успеваат да станат познати и да добијат улоги во филмовите. Сепак има и познати дами кои гордо ги носат своите облини како што е Ким Кардашијан и Бијонсе. Сепак не е тајна доколку сакате да станете звезда треба да бидете дури и застрашувачки слаби.
Други пак пишуваат дека социјалната мрежа Инстаграм е крив за екстремното слабеење. Бидјеки многу манекенки го промовираат овој тренд. Меѓу нив се и Алекса Чунг, Никол Ричи, Мери Чартерис и многу други.
Да прецизираме, конфекциски број 000 е застрашувачко мал. Бројот нула е големина 32, додека двете нули се големина 30, а три нули е број 28 кој практично и не постои. Богатата наследничка Никол Ричи долго време носела број 0, додека во последно време изгледа и многу послабо отколку претходно.
Како заклучок на се ова, се прашуваме до каде броевите ќе се намалуваат? Некогаш сме мислеле дека од бројот 0 нема подоле. Холивуд секогаш ќе биде опседнат со слаби жени, а фармерките со бројот 000 постанале реалност.

You must be logged in to post a comment Login