Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Висока мода со архитектонски ген

Во последните неколку години Бејрут успеа да доживее ренесанса во сферата на архитектурата, благодарение на архитектонските компании Norman Foster, Steven Holl, Herzog & de Meuron и Zaha Hadid, кои го обиликуваа новиот изглед на либанскиот главен град.

Креаторот Zuhair Murad кој пак, како и неговиот колега Elie Saab,има студио во срцето на либанската престолнина, за неговата најнова ревија одлучи да побара инспирација токму во архитектонската геометрија, и тоа онаа екстремната, кон која е наклонето легендарното студио на Zaha Hadid.

Колку и да звучи револуционерно за стилот кој го обликува либанскиот дизајнер, Murad не отстапи потполно од своите препознатливи силуети, па експериментираше само на линијата околу струкот,создавајќи флуидни форми налик на оние кои Hadid сака да ги проектира.

Слично како Saab, Murad демонстрираше дека е вистински магионичар кога се во прашање боите, иако се држеше до проверената палета со црна, бела, модро сина, циклама, тиркизно сина и сребрена, коикомплетноја одбележаа ревијата.

Гламурозните фустани се истакнуваа со вообичаениот сенс на Murad. Светликава прашина во вид на ситни детали, асиметрична линија во горниот дел, која исто така го долови архитектонскиот момент, и модели со набори и психоделичен принт со вертикални линии, кои навистина создадоа впечаток дека пред публиката се изложени скулптури или градбисо заоблени линии.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement