Кога се споменува изразот “сродна душа”, многумина нема да издржат, а да не ги превртат очите. Идејата е едноставна – некаде во светот постои една личност, која е совршена баш за вас, а љубовта меѓу вас веднаш ќе процвета и никогаш нема да се разделите. Меѓутоа, малку е тешко во тоа да се поверува, зарем не?
Самата идеа за сродна душа можеби не е реална, но тоа што е реалност, барем за многумина, е дека тоа е личност со која инстинктивно се поврзувате и со која созревате со текот на времето.
Меѓутоа, како да препознаете дека сте ја запознале вашата сродна душа?
Комуницирате без зборови.
Сродните души се читаат меѓу себе како отоврена книга.
Сродните души силно се поврзуваат на секое ниво – неретко едниот на другиот му ја довршува реченицата, во исто време посегнуваат по телефонот за да се чујат и многу често се чувствуваат дека не можат да живеат одвоено. Исто така се вели дека сродните души точно знаат како да одговорат на емотивните сигнали на својот партнер.
Едноставно знаете дека сте го запознале “оној вистинскиот” или “онаа вистинската”.
Во овој случај нема место за да се преиспитате дали тоа е тоа. Кога ќе ја запознаете сродната душа, тоа едноставно го знаете – постојано ви одѕвонува гласот во ушите, имате пеперутки во стомак или некои необјасниви чувства кои ви кажуваат дека сте го запознале “оној вистинскиот” или “онаа вистинската”.
Физичката привлечност е буквално опиплива.
Хемијата која меѓу вас се создава, буквално може физички да се почувствува, а електрицитетот меѓу вас не доаѓа само по сексуален пат. Скоро во секоја пригода се држите за рака или се допирате, дури и по неколку години врска.
Од првиот ден сте опуштени еден пред друг.
Сродните души со леснотија се препознаваат и не се плашат да го покажат своето вистинско лице уште на првиот состанок. Тие најчесто имаат чувство дека одамна се познаваат и сакаат да си угодат еден на друг. Во друштво на љубовта на својот живот, тие полесно се опуштаат и си дозволуваат да бидат поранливи.
Љубавта на вашиот живот ве предизвикува како никој друг.
Врската помеѓу две сродни души, и покрај претпоставките на другите, не е секогаш мед и млеко.
Сродната душа не е завитката во најубавиот подарок, а врската не се случува без предзивик. Сепак разликата е во тоа што животните околности и тешките предизвици ја зајакнуваат вашата врска, а во тешките времиња ви помага да си бидете верни себе си.
Во најчест случај, на сродните души се потпираме за да ја доразвиеме својата личност.
Можеби тоа не изгледа така на прв поглед, но вие имате исти цели.
Врската со сродната душа не значи дека секогаш морате да имате исти ставови, но крајните цели и предизвици ви се исти. Сродните души ги делат истите вредности и добри особини и на светот гледаат низ сличен објектив.
Вие сте две индивидуи, но кон светот настапувате како една личност.
Сродните души се поставуваат како да се два дела од една целина, а надворешниот впечаток е дека без разлика на сѐ, никој не може да им ја уништи врската.

You must be logged in to post a comment Login