Секое ново истражување враќа сомнеж на тоа претходното, но еве и едно кое сепак го потврдува веќе виденото. Според најсвежите податоци, четириесетите се за жените навистина – нови дваесетти.
Истражувањето кое го спровео интернет страницата Nice n easy покажало дека 56 % од жените на прагот на петтата деценија на животот смета дека изгледаат помладо отколку што тврди крштеницата, а дури 88 % признале дека никогаш не им било подобро во животот..
Испитаниците сепак признаваат дека и натаму чувствуваат наметнат притисок да бидат убави и атрактивни, а како најголем виновник за тоа го наведуваат инсистирањето на живот без целулит и вишокот килограми. Дури две третини од нив не го кријат ставот за изгледот кој влијае на самодовербата. Кога би можеле да се вратат во раните дваесетти, би се советувале самите себе да работат на самодовербата, како би биле задоволни и среќни – признале 64 % од испитаниците.

You must be logged in to post a comment Login