Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Пред да легнете во кревет помислете на ова

Ништо друго нема да ви ја врати енергијата, освен квалитетен сон. Во време во кое од сите страни не бомбардираат со информации, убаво е да легнете во кревет и да заборавите на се. Но, што ако мозокот одбие да се исклучи?  Како да се изборите против мислите кои навираат?

Пред да легнете во кревет, обидете се да се фокусирате на следните мисли:

Мислете на работи за кои сте благодарни

Можеби и било уште подобро тоа и да го запишете. Размислувајте на работи за кои сте благодарни што ги имате и тоа ќе го подобри вашиот сон, ќе го зголеми чувството на среќа и ќе го зајакне имунолошкиот систем.

Замислете го следниот ден

Сите имаме сонови за успешна кариера. Размислувањето за реализирање на замислените цели ќе ви помогне подобро да заспиете. Некои од најуспешните луѓе во светот, пред да одат на спиење, ги замислуваат позитивните резултати кои ги очекуваат од следниот ден, што им помага во текот на тој ден да донеса одлуки.

Размислувајте на работи кои ве опуштаат

Броењето овци нема да ви помогне, туку фокусирајте се на нешто што ве опушта, на пример, повторувајте позитивна мантра или замислувајте слики од природата. Ова постапка има две предности, не бара ангажирање на голем дел од вашиот мозок, а и последната мисла пред да заспиете ќе ви биде опуштена.

Ова се три работи на кои треба да заборавите пред да одите на спиење:

Не размислувајте за својата електронска пошта

Односно не размислувајте за ништо што е поврзано со вашиот телефон и компјутер, туку исклучете ги тргнете ги на страна. Голем број на истражувања покажале дека гледањето во екран од компјутер резултира со лош сон.

Избегнувајте да ја преповторувате кавгата која сте ја имале во текот на денот

Никогаш во кревет не треба да легнете лути и бесни. Научниците откриваат дека сонот не само што ги меморира негативните емоции, туку ги зголемува. Со други зборови, преповторувањето на кавгата која сте ја имале со вашиот партнер, пред да одите во кревет, нема да ви помогне да ја “изладите главата“, поради тоа решете го проблемот пред да одите на спиење.

Не се опседнувајте со обврските кои не сте ги завршиле

Доколку сте го завршиле денот пред да реализирате нешто што сте го планирале, не очајувајте. Понекогаш најдобар начин да го завршите започнатото е да се откажете од тоа: „Секој проект кој што го започнувате од вас црпи енергија…Често се откажуваме од работите во кои уживаме, како што се квалитетен сон и време со фамилијата“.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement