За сите оние кои веруваа во теоријата дека Валтер Вајт не умре, ќе бидете среќни што ќе слушнете дека до некаде и бевте во право.
Режисерот на „Better Call Sau“ – Peter Gould откри дека шоуто нема да има линеарен редослед и дека ќе се разложи низ неколку декади. Покрај другите работи, ова отвара можност приказните да се одвиваат паралелно со Брејкинг Бед.
Според режисерот една од одличните работи во ова шоу ќе биде тоа што редоследот низ времето е многу флексибилен, некој случувања ќе се одвиваат пред Брејкинг Бед, додека трае, и по завршувањето на таа серија, а тоа овозможува да се вратат назад карактери кои биле убиени за време на Брејкинг Бед.
Земајќи го во предвид огромното влијание врз животот на Соул кое му го нанесе Валтер Вајт (Bryan Cranston), најверојатно тој ќе биде и примарниот кандидат за враќање во серијата. После се, Волтер е причината поради која Соул ќе мора да си го смени идентитетот и да прерипува градови, за што многумина ќе се согласат дека е огромна работа во неговиот живот.

You must be logged in to post a comment Login