Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Љубовни правила кои морате да ги прекршите

Некои правила едноставно се создадени да бидат прекршени…

Вашиот партнер треба да биде и вашиот најдобар пријател.

Не, тој не мора да биде вашиот најдобар пријател. Вашите најдобри пријатели треба да си останат тоа што се. Тој треба да биде добар љубовник, приврзан кон вас, доверлив, и да ви биде секојдневна поддршка.

Морате секогаш да бидете заедно.

Не, не мора секогаш да излегувате заедно. Ако забавата ја организираат неговите другари, вие на таа забава сте, хммм….. непожелни. Како и тој кога вие излегувате со другарките. Бидете пар, а не сијамски близнаци.

Морате да научите да уживате во работите во кои тој ужива.

Вие дефинитивно треба да имате заеднички интереси, но далеку од тоа дека мора да уживате во идентичните работи. Не морате да го следите секој спорт на телевизија со него, ако едноставно не го сакате тој спорт или не го разбирате.

Никогаш не легнувајте лути во кревет.

Ама понекогаш тоа е она што ви треба. После добриот сон можеби ќе сватите колку сте биле глупави и колку синоќешното препукување било бессмислено.

Не смее да има тајни помеѓу вас.

Не, тој навистина нема потреба да знае дека дечкото од теретана е многу напорен. Или дека скоро сте го изневериле. Секако дека треба да бидете искрени кога во прашање се големи работи, но сѐ додека се сакате и почитувате, сосема е оправдано да секој си задржи некоја ситница за себе. Ако ништо друго, барем оние кои во врската може да предизвикаат раздор.

Ако се скарате, а потоа се смирите, врската едноставно нема да функционира.

Ова секако дека не мора да биде точно. Може, но не мора. Секоја врска си е приказна за себе, како и оние кои ја градат и сосема е погрешно да судите за судбината врз основа на нечија друга.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement