Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Мајчинството е заразно: Девојките посакуваат да родат бебе откако нивната другарка ќе се породи!

Кога повеќето од другарките се бремени во исто време, тие полесно минуваат низ периодот на мајчинство, а ако меѓу нив е жена која претходно нема родено и никогаш претходно не ни размислувала за потомство, голема е веројатноста дека во скоро време ќе почне да размислува да роди дете.

 

Мајчинството е заразно, тврдат научниците од италијанскиот универзитет Бокони кои откриле дека пријателките имаат големо влијание и ја поттикнуваат желбата за бебе меѓу оние кои никогаш не родиле.

Така, оние кои не ни размислувале за дете одеднаш може да го сменат мислењето веднаш откако нивната најдобра пријателка ќе се породи, покажала студијата спроведена на повеќе од 1700 жени во период од 17-та до 30-та година. Тој ефект е најизразен кај жените по завршувањето на средно образование. А максимумот го достигнуваат две години подоцна, а потоа со текот на времето се повеќе се намалува, изјавуваат научниците.

 

Одлуките за планирање на потомство не се јавуваат само под влијание на сопствените карактеристики и желби, но се предизвикани и од опкружувањето во кое жената се наоѓа. Ова тврдење не е ни малку чудно или невообичаено, бидејќи познато е дека пријателите имаат влијание и на други однесувања како што се пушењето, опивањето, вежбањето и дружењето.

 

Освен тоа, другарките се извор на знаење кога е мајчинството во прашање, а взаемното искуство може да го намали стресот повеќекратно.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement