Ако пропуштивте да прошетате минатата сезона во Birkenstocks сандалите кои модната куќа Celine ги лансираше во трендовската орбита, еве прилика да им дадете втора шанса. Тие се навистина шик додаток и се носат во комбинација со сите модели, а особено им одговараат кожни здолништа, макси фустани, трегери и платнени панталони. Наш предлог е вашиот комплетен изглед да не излегува од границите на normcore стилот, односно да бирате минималистички модели на сандалите, направени од кожа и во една боја.











You must be logged in to post a comment Login