Ако ве загрижуваат картичките и плаќањата, постојат трикови кои ќе ви помогнат во организирање, снаоѓање и паметно купувње во иднина. Ова се некои од нив.
Распрашајте се кај пријателите и погледнете на интернет кои кредитни картички се со најниска каматна стапка, па потоа споредете ја со својата. Ако пронајдете подобра опција, нема причина да не ја замените картичката. Исто така, бидете сигурни дека можете да си го дозволите лимитот на картичката.
Користете дебитна картичка што често ќе можете да ја употребувате. Направете план колку пари отприлика ќе потрошите на неделно ниво. Кога имате листа на работи кои сте ги купиле ќе почнете да ги воочувате своите потрошувачки навики и ќе пронајдете работи од листата кои можете да ги купите во помала количина или кои воопшто не ви требаат.
Споредбата на кредитните картички, поставувањето на цел и правењето на потрошувачки план се добри и лесни начини да се решите од лошите навики кога е купувањето во прашање, како и да заштедите значајна сума на пари.

You must be logged in to post a comment Login