Истражувачите со разни испитувања откриле дека природниот лек, кој е достапен во сите продавници за здрава исхрана, нуди најбрзо и најефикасно олеснување на менструални болки од синтетичките лекови.
Тие истакнуваат дека е посебно ефикасно маслото од мајчина душица која се нанесува на подрачјето на абдоменот и не предизвикува нус појави.
Волонтерките со старост од 18 до 24 години биле поделени во 3 групи, едната група добивала ибупрофен, другата група етерично масло од мајчина душица, а третата плацебо, со кое се мерел интензитетот на болката, и најмала болка имала онаа група која користела масло од мајчина душица.
Новата студија исто така наведува дека мајчината душица е најефикасно решение за ублажување на менструалните болки, а таа исто така традиционално се користи и за лекување на дијареа, болки во стомакот, артритис, грчеви, воспаление на грлото, кашлање, бронхитис, надуеност и како диуретик.

You must be logged in to post a comment Login