Замрзнатото овошје и зеленчук индустриски се обработуваат истиот ден кога се собрани, што значи дека и поголема количина на витамини и минерали се сочувани.
Многу од нас веруваат дека замрзнатите намирници содржат помалку хранливи материи одколку свежите. Меѓутоа тие се подеднакво хранливи, ако не и повеќе.
Големи количини на ,,свежи” намирници се држат подолго време пред да стигна до нашите кујни, и така веќе губат доста важни витамини.
Исто така за време на припремата, која вклучува миење, сецкање и готвење се забрзува процесот на губиток на хранливи материи. За разлика од тоа, замрзнатот овошје и зеленчук, индустриски се обработува истиот ден кога е собрано, што значи дека поголема количина од витамините и минералите е сочувана.
Исто така тие не содржат адитиви, бидејќи кога се замрзнати тие ја задржуват свежината и нема никаква потреба од нивно додавање.

You must be logged in to post a comment Login