Еден ресторан во индискиот град Бомбај одлучи дека своите специјалитети ќе ги доставува со помош на беспилотни летала за да ги заобиколи гужвите во градот кој се неподносливи во овој град.
Мали или големи, во Бомбај е можно да нарачате секаков вид на пица, а наскоро и летачка пица.
На сопствениците на пицеријата многу им се допаднала идејата на Амазон, кој планира своите пратки во иднина да ги доставува со помош на дронови, па одлучиле и самите да го применат тоа за да ги одбегнат гужвите во градот.
,,Успешно го спроведовме тестот, така што на 11ти мај, на муштерија кој се наоѓа 1.5 километри од нашиот локал, му доставивме пица. Го постигнавме она што за 4-5 години ќе биде сосема вообичаено”.
httpv://www.youtube.com/watch?v=OieZkd9_dBM

You must be logged in to post a comment Login