Морковот е многу здрава намирница и се препорачува секојдневно во исхраната.
Каротенот, антиоксидансите кои се во морковот и му ја даваат препознатливата портокалова боја, го штитат организмот од срцеви болести, катаракта и одредени видови тумори. Тоа се доволно причини за денот да го започнете со здрав сок од моркот, кој, зависно од вкусот можете да го измешате и со овошје, зеленчук или некои зачини.
Сок од морков, грејпфрут и каенски папар
– 3 моркови
– 1 црвен грејпфрути
– малку каенски папар
Исецканиот морков и грејпфрут ставете ги во соковник и на крајот додадете малку каенски папра.
Сок од морков, портокал и ѓумбир
– 3 моркови
– 1 портокал
– парчиња свеж ѓубмир
Сето тоа ставете го во соковник.
Сок од морков, јаболка и лимон
– 3 моркови
– 1 јаболка
– 1 лажица сок од лимон
– малку сол
Сето тоа ставете го во соковник и додадете сол по желба.

You must be logged in to post a comment Login