Италијанската глумица со заносно тело и совршено лице прошета на црвениот тепих во Кан.
Моника Белучи го промовираше италијанскиот филм “Le Meraviglie”, а со својата појава докажа уште еднаш зашто спаѓа во најубавите жени на светот.
Секогаш умерена и елегантна, Моника заводливо позираше пред бројните фотоапарати. За свечената прилика како што е Канскиот фестивал, се одлучила за чипкаст црн фустан во комбинација со црни лаковани штикли со шпиц.
Моника сака да ја истакне својата природна убавина, па затоа избегнува да става премногу шминка. Неупадливиот мејк ап и пуштената коса го украдоа вниманието во Кан.





You must be logged in to post a comment Login