Најпопуларна врста на јаткасто овошје претставуваат егзотичните ореви. Иако се здрава алтернатива популарните грицки се богати со маснотии, па затоа бидете умерени во нивната конзумација.
Индиски орев
Обично се користи како ужина, или пак како аперитив. Изобилува со калиум и соджи помалку калории од другите јаткасти плодови. Но, содржи многу малку влакна, па затоа нема да ве држи долго време сити , а бидејки содржи големо количество на заситени масни киселини, не претерувајте со конзумација на овие плодови.
Бразилски ореви
Не содржат многу калории, но содржат доста заситени масни киселини, па затоа конзумирајте ги умерено. Најпозитивните аспекти на бразилскиот орев потекнуваат од фактот дека тие се богати со витамини и калиум.

You must be logged in to post a comment Login