Покрај тоа што е право летно освежување, лубеницата е одличен извор на витамини и здравје.
Лубеницата е богата со ликопен, антиоксиданс кој ја дава специфичната црвена боја и го намалува ризикот од настанување на рак на простата. Тој воедно штити од болести на срцето и рак на матката и јајниците, а се смета и дека ја подобрува плодноста.
Покрај тоа лубеницата содржи големо количество на витамини А, Б и Ц, богата е и со вода и помага во регулирањето на телесната тежина бидејки содржи малку калории. Поточно 100 гр. лубеница содржи 10 отсто шеќер, 90 отсто вода, 20 милиграми бетакаротен, 7 милиграми калциум, 10 милиграми фосфор и околу 20 калории.
Иако лубеницата е најпривлечна и нуди највеќе освежување кога е ладна, сепак на овој начин ќе изгубите дури 40 отсто од ликопенот после две недели складирање во ладилник. Најдобро би било да ја чувате на собна температура. Меѓутоа кога ќе ја исечете, можете да ја чувате во ладилник.

You must be logged in to post a comment Login