Најновите истражувања покажале дека пиењето кафе одма наутро по станувањето не е добро за вашиот организам и дека таквиот начин на пиење на омилениот пијалок го отапува ефектот на кофеинот и само ја зголемува отпорноста на стимулансот.
Со други зборови, ако пиете кафе на празен стомак веднаш по станувањето постигнувате обратен ефект.
Една од работите кои го контролираат нашиот внатрешен саат е хормонот кортизол кој не буди и не држи фокусирани. Тој е на врвот помеѓу осум и девет часот наутро, што значи дека во тој период луѓето се природно будни и концентрирани, а многу од нас токму тоа време го пијат своето кафе на работа.
Кога конзумираме кофеин кога нивото на кортизол е најголемо, всушност ние го намалуваме ефектот на кофеинот и создаваме отпорност кон него. Кортизолот е поврзан и со хормонот за стрес, и се покажало дека дополнително покачување на нивото на кортизол кога тој природно е на својот врв, негативно влијае на организмот и има штетни последици.
Затоа се предлага кафето да се пие во следните периоди:
Наутро во период од 9:30 до 11:30 и попладне од 13:30 до 17:00 бидејќи во тој период нивото на кортизолот природно е низок, па така ќе имате најдобар ефект од кофеинот.

You must be logged in to post a comment Login