Неодлучноста претставува „болка“ за многумина. Важно е да сфатите дека иако тешко и бавно носите одлуки, решение постои: излезете од рамките, не размислувајте со „да-не“, туку бидете креативни во пронаоѓањето на сите можни опции.
ГОЛЕМИ И МАЛИ ОДЛУКИ
Без разлика дали треба да одлучите што ќе јадете тој ден или ќе се преселите во некој друг град – одлуките засновајте ги на информациите кои ви ги дава вашето тело. Тоа се нашите нагони и емоции. Најдобро е да ги послушате своите емоции.
МЕТОДА НА НАДВОРЕШЕН ИЗБОР
Бирате помеѓу две работи и немате решение? Напишете ги изборите секој на посебно ливче, измешајте и она кое што ќе го извлечете е вашето решение. Кога ќе го извлечете изборот, ќе почувствувате или задовлоство или разочарување. Тоа се емоциите кои всушност ви кажуваат што навистина сакате. Кај оваа техника е важно да се придржувате кон правилото „како ќе каже ливчето“.
ШТО АКО СЕКОГАШ ГРЕШИМЕ?
Често ни се случува да ги повторуваме истите грешки. Грешките при одлучување доаѓаат автоматски. Решението е создавање на процес на помош кога донесуваме важни одлуки. Кај одлучувањето секогаш е важно да ја видиме големата слика и последиците кои некоја одлука може да ги има.

You must be logged in to post a comment Login