На некој жени им се потребни неколку недели за да ја преболат врската, а додека на некој и по неколку години. Секој од нас крајот на врската го доживува на различен начин. Ако сакате да го забрзате процесот, морате да заборавите на минатото.
Бриши, бриши, бриши
И него и неговите пријатели од Фејзбук. Неговиот телефонски број, иако го знаете на памет. Неговите пораки. Заедничките фотографии. Се отстранете – помалку ќе ве боли ако го направите тоа брзо.
Повторно организирајте ги предметите
Преместете ја фотељата, на нов начин уредете го вашиот плакар, преместете ги работите од фиоките за се да биде поедноставно.
Фрлете ги работите
Ок, не морате да ги фрлите обетките кој од него сте ги добиле за роденден, но фрлете ги ситниците кои ги чувате поради сентиментална вредност. Неговите честитки за роденден може да ве потсетуваат на старите добри времиња, но впрочем тие стари добри времиња ве спречуваат да продолжите понатака.

You must be logged in to post a comment Login