Мрдањето на очите лево десно, можеби повеќе изгледа како нешто против уроци, но британските научници се убедени дека овој трик делува за подобрување на меморијата.
Една студија тоа и го потврдува, со тоа што испитаниците кои 30 секунди ги мрдале очите лево десно, меморирале повеќе работи од листата, одколку оние кои не го правеле тоа.
Научниците ова го објаснуваат со интеракција помеѓу хемисферите т.е комуникација помеѓу левата и десната хемисфера, што е од круцијално значење за присетување на одредени моменти.

You must be logged in to post a comment Login