Пролет е времето кога организамот неопходно мора да се ослободи од токсините. Еве како да го сторите тоа најефтино и најбезбедно.
Пченичната трева делува како чиста сончева енергија, а 7,5 грама има еднаква нутритивна вредност како и 175 грама шаргарепа, салата или целер. Нејзината способност за чистење на организмот била позната уште од времето на фараоните. Десетдневната терапија со сок од пченична трева ќе направи да се чувствувате добро и здраво.
Знаци дека на вас ви е потребна детоксикација
- Главоболка
- Алергија
- Проблеми со кожата
- Мирислив здив и неугоден мирис на телото
- Лошо варење
- Надуеност и гасови
- Вишок на килограми
- Затвор
- Умор, лоша концентрација, слабо памтење
- Депресија
Како да одгледувате пченична трева?
- Потопете зрно од пченица од 8 до 12 часа.
- Зрното оставете го во стаклена тегла и во следните 24 часа исплакнете го 3 пати
- Кога гледате тека се појавиле мали коренчиња, засадете ги во сад со земја за цвеќе
- Навадете ја засадената пченица и покријте го садот со памучна крпа во текот на првите три дена, за да не се исуши пченицата. Секое утро наводнувајте ја пченицата, а секоја вечер благо попрскајте ја со вода.
- Четвртиот ден отстранете ја крпата од садот. Потрудете се температурата на просторијата во која се наоѓа садот да биде од 21 до 26 степени.
- Пченичната трева може да ја сечете кога ќе нарасне околу 20 cm. Два дена пред сечењето иснесете ја на сонце за да дојде до синтеза на хлорофилот.
- Сокот од тревата од пченицата измиксајте го со малку вода во блендер.
- Првите денови, пијте до 30 милилитри сок, а за оние кои сакаат да ослабнат препорачливо е да го испијат штом се разбудат од спиење. Постепено зголемувајте ја количината до 60 милилитри сок дневно пред доручекот и пред вечерата.
Во почетокот на детоксикација можете да почувствувате замор и малаксаност, но тоа е знак дека организмот е преплавен со токсини. Зголемувајте го внесот на вода и продолжете со терапијата која дава одлични резултати.

You must be logged in to post a comment Login