Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Што ги прави жените самоуверени?

Самоуверените жени имаат што сакаат и не се плашат тоа да го покажат. Погледнете што се можете да направите како би работеле на својата самоувереност.

Тие всушност не се мирни –  Психолозите велат дека е многу лесно да се биде во ситуација на возбуденост отколку во мирна ситуација. Во ситуација нешто како караоке или некој јавен настап, жените кои велат дека се возбудени подобро ќе настапат отколку оние кои се убедуваат себе дека се смирени. Полесно е да се убедите себе си дека сте возбудени поради нешто кое ве плаши, бидејки тогаш ќе почувствувате самодоверба за резултатот. Наместо да кажете “само мирно и напред” кажете подобро “возбуди се и успехот ќе биде загарантиран”.

Тие ја разбираат моќта на ритуалот – Серена Вилијамс открила дека секогаш го носи истиот пар чорапи кога се натпреварува, а Бијонсе изјавила дека пред секој настап се моли, се истегнува и слуша омилена музика. Експертите сметаат дека десетоминутната мотивација може да ни помогне да оствариме подобри резултати. Одреденото однесување и амајлиите помагаат да допринесат за зајакнување на самодовербата и тоа секогаш во моменти кога не сте сигурни во себе.

На нив не им е проблем да кажат, жал ми е – Честото извинување е еден од знаците дека ви недостига самодоверба. Меѓутоа, извинување во ситуации кои се навистина вон наша контрола покажува емпатија и ја зголемува довербата кај други луѓе. Доколку се извинувате искрено, луѓето ќе ве сакаат и ќе ви веруваат.

Тие знаат да се фалат на прав начин – Не е реткост дека жената се фали и има претерано самоуверен став да биде означена како наметлива и препотентна. Затоа жените често ја намалуваат својата вредност кога зборуваат за себе си, а многу значајните достигнувања си занемаруваат. Самоуверената жена знае како да направи баланс и да ги истакне своите квалитети на прав начин и да при тоа не испадне арогантна. Морате да ги знаете своите предности и гордо да ги истакнете, само немојте да претерувате.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement