Млекото и млечните производи се познати како сјајни намирници за здрави и јаки коски. Сепак тие не се и единствени.
1. Соја
Сојата е богата со протеин и е одличен извор на калциум.
2. Риба
Млекото, сирењето, јогуртот нема да ви помогнат многу без потребната доза на витамин Д кој помага за апсорбирање на калциумот. Рибата е сјаен извор на витамин Д.
3. Банани
Ова тропско овошје е непресушен извор не калиум, кој е исто така потребен за здрави коски. Во една банана има околу 400 милиграми калиум.
4. Компир
Компирот, исто како и бананата, е одличен извор на калиум, а во еден компир има дури 700 милиграми.
5. Бадеми
Богати се со здрави масти. Бадемот е богат и со калциум и магнезиум, кои се неопходни за коските.

You must be logged in to post a comment Login