Трендсетерките ширум светот ги обожаваат долгите, тесни здолништа. Ова парче гардероба одлично стои на секаков облик на женското тело, но најдобро ја истакнува линијата на дамите градени во облик на песочен часовник.
Оваа пролет, на улиците можат да се видат различни варијанти на овој тренд. Кожани, еластични, со крупен принт, во јаки или пастелни бои, одберете ја онаа која вам најмногу ви се допаѓа.
Комбинирајте ги со рамни чевли, па дури и спортки патики во јаки бои! За вечерно излегување сепак одберете елегантни сандали или салонки.






You must be logged in to post a comment Login