Ново меѓународно истражување сугерира дека екстровертните личности се посреќни од интровертните.
Наодите на истражувањето се засноваат на одговори од студенти од Америка, Кина, Јапан, Филипините и Венецуела.
Испитаниците од сите култури биле подобро расположени ако можеле да се однесуваат слободно во склад со својата личност.
Се покажало дека интровертните (затворени) личности се осеќаат посреќно ако усвојат некои карактеристики од екстровертните личности.
Истражувачите веруваат дека карактеристиките на личноста, во сите култури, зависат од 40 до 50 проценти од влијанието на гените.

You must be logged in to post a comment Login