Кејт за еден настан на турнејата во Австралија носеше бело-плав фустан со преклоп од новата колекција на дизајнерката Диана Вон Фурстенберг кој чини 292 фунти.
Штом се објавија фотографиите со британската принцеза во овој фустан, тој се распродаде во рекорден период.
Со овој фустан Кејт носеше темно плава ташна и темно плави антилоп чевли со полна пета.
Модниот стил на војвотката од Кембриџ го копираат голем број на дами и не е прв пат некое парче облека да се распродаде откако Кејт ќе се појави во него. Но овој пат тоа се случи изнанадувачки брзо!

You must be logged in to post a comment Login