Благодарение на овој едноставен трик веќе не морате да се плашите дали ќе заврне дожд и ќе ги уништи вашите омилени пролетни обувки.
Потребни ви се:
-пчелин восок
-ракавици
-фен за коса
1.Ставете ги ракавиците и земете го восокот и истријте го платното од патиките.
2.По платното ќе останат бели трагови, како од сапун.
3.Фенот за коса насочете го кон платното и грејте се додека восокот во потполност не се стопи и исчезне.
4.Оставете ги обувките да отстојат 5-10 минути, а после тоа се спремни за носење.
Водоотпорниот слој од пчелин восок не е вечен и нема да ја уништи бојата и платното, па затоа можете ако сакате да го отстраните од обувките со нивно перење.

You must be logged in to post a comment Login