Дури и оние кои не ја пратат модата не можат да одолеат на заштитниот знак за оваа пролет – тексас кошулата.
Предноста на тексас кошулата е во тоа што можете да ја носите во секоја пригода и да ја комбинирате со различни парчиња, па дури и со фармерки.
Посебно во тренд се широките кошули кои убаво изгледаат со тесни панталони во сите бои и принтови. Можете дури да ја комбинирате и со фармерки и здолниште од тексас.
Тесна тексас кошула многу заводливо изгледа во комбинација со кратки панталони или тесно здолниште за вечерно излегување.

You must be logged in to post a comment Login