За добро расположение и оптимизам заслужно е високото ниво на каротеноиди во крвта. Нивото на каротеноиди се зголемува со често јадење на овошје и зеленчук, а за да го почувствувате тоа ви препорачуваме да јадете најмалку три порции на ден овошје и зеленчук.Покрај тоа, личностите кои јадат повеќе зеленчук и овошје не се склони на ризични однесувања како пушење или прекумерно уживање во алкохол.
Најдобро е оваа теорија да ја тестирате на себе. Две недели нездравите грицки заменете ги со овошје и зеленчук. Ако приметите промена во енергијата и расположувањето, нема да можете да се откажете од оваа здрава навика.

You must be logged in to post a comment Login