Еве како да ги израдувате вашите најмили за престојниот празник. Оваа оригинална торбичка во облик на зајче е многу едноставна за изработка, а за нејзе ви се потребни три хартиени тањири.
Потребен материјал:
-3 хартиени тањирчиња
-бела и розева волна
-лист од колаж со розева боја
-розева сатенска трака
Чекор 1
Присоединете го работ на едниот тањир кон другиот, обележете ги рабовите со помош на молив и исечете со помош на ножички за да ги добиете ушите на зајакот.
Чекор 2
Со помош на хевталица прицврстете го едниот тањир со другиот од кој сте го отсекле крајниот дел. На врвовите од горниот тањир со помош на хевталица прицврстете ги претходно подготвените уши.
Чекор 3
Од црн и бел колаж направете ги очите на зајакот, со розева волна направете ги мустаките на зајакот. Со помош на црн фломастер направете ги забите на зајакот. На горниот дел направете две дупки низ кој ќе ја провлечете розевата трака и оригиналната кошничка е готова.

You must be logged in to post a comment Login