Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

5 начини како да носите класична кошула

Колку и да ви се чини некоја кошула обична, не би требало да се откажете од неа, бидејќи нема модел кој би можел подобро да се искомбинира во формалните и неформалните прилики. Особено денес кога владее некоја нова женственост која преферира минимализам и софистициран изглед.

Таа претставува парче гардероба кое никогаш не излегува од мода и кое со доволно впечатливи детали, како големо ланче или тесна сукња, ви нуди прилика секому да му оставите впечаток на самоуверена жена со стил!

Класичната кошула може да се носи на неколку начини, а ние ви претставуваме пет кои можете да ги примените во било кој момент.

Со откопчано копче + сукња со средна должина на фалти

Класичната бела или светло-сина кошула со крагна (беспрекорно испеглана, секако), совршено одговара со женствените сукњи со полн круг и средна должина. Доколку сакате да изгледате помалку строго, а повеќе „лабаво“, ви предлагаме да откопчате едно или две копчиња, со што на премногу формалната комбинација на прв поглед, ќе и даде опуштена нота.

1

Скриена под тренди пуловер или дуксер

Крагната на класичната бела кошула на секоја комбинација ѝ дава можност да изгледа професионално, зрело. Доколку ја комбинирате така што ќе ја носите под пуловер кој има раскошни украси, можете одлично да ја споите со сукња, но и фармерки.

2

Во комбинација со омиленото вечерно фустанче

За малку поинаков изглед ви предлагаме вашиот омилен фустан да го искомбинирате со бела кошула која ќе ја носите под него. Ова е исто така практичен начин да ја „сокриете“ голотијата, доколку фустанот е со длабоко деколте (најмногу одговара фустан без ракави). Избегнувајте кошули со раскошни ракави со голем волумен и слични форми.

3

Со тесна сукња

Класичната тексас кошула не мора по обичај да ја носите само со платнени панталони и старки. Таа совршено одговара со тесна сукња (обична, со цветен принт, чипкана) или со сукња со полн круг од свиленкаст материјал. Доволно е само уште да се подигнете на некои секси салонки и имате комбинација не само за во канцеларија, туку и за на коктел по работа.

4

Во комбинација со големо ланче

Масивните, ефектни ланчиња кои се носат преку закопчана кошула веќе некое време спаѓаат во еден од главните трендови. Водете сметка кошулата да биде класична, во една боја, по можност бела или во боја на слонова коска, а принтот, ако сакате и него да го вклучите во вашиот изглед, нека дминира во долниот дел, во вид на некоја забавна сукња или пантолони.

5

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement