Џинсот никогаш не излегува од мода. Ова вечно парче кое е еднакво важно во вашата гардероба како и малиот црн фустан, салонки, торба во сите варијанти, останува како еден од главните модели на сезоната.
Во оваа сезона, приматот во џинс сферата го презема моделот boyfriend jeans, кој е спротивен на класичниот, слим модел, со рамен крој и кратки ногавици.
Купете модел кој ви одговара
Кога го кажуваме тоа мислиме на струкот. Boyfriend jeans, по правило треба да изгледа како да е бројот поголем, но најважно е да ви дојде природно без потреба од каиш.
Направете фора
Завиткајте ги краевите, подигнете ја едната ногавица да биде повисока, било што, што ќе направи да изгледа лежерно и кул. Искомбинирајте ги со пар секси салонки.
Искинат модел
Искинатиот модел е моментално тренди. Колку што изгледа побунтовно и износено, толку подобро. Доколку ви е потребен автентичен модел, можете да земете некој стар модел и да го офарбате. Скратете ја должината со ножици и оставете ги ресите.
Каиш
За прав изглед од 90-тите, стилизирајте ги со каиш. За минималистички изглед доволно е да ја погленете Кејт Мос од 90-тите кога рекламираше за Келвин Клајн.
Изберете ефтини кондури
Овој џинс изгледа фантастично кога ќе го спарите со секси пар салонки во весели, неон бои.
Спарете го со совршен топ
Ако сеуште не сте знаеле, топот е главен модел за пролета. Сите кул дами обожаваат да го носат овој модел на џинс со топ кој го надоградуваат со свилени блузи или проѕирна блуза со лого.

You must be logged in to post a comment Login